Предметот „Насилство во Центар“ прекинат и презакажан за 1. јуни

Од:

Судењето за предметот на СЈО „насилство во Центар“ е прекинато и презакажано за 1 јуни, поради неможноста претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев веднаш да одлучи по барањето за изземање на судечкиот судија во предметот, Душан Јосифов.

Барањето на почетокот на рочиштето го поднесе одбраната на обвинетите, поради изјавата на јавната обвинителка Катица Јанева дека одредени судии се опфатени во прислушуваните разговори.

Обвинителката Фатиме Фетаи, побара да биде донесено решение за отфрлање на барањето како неосновано, бидејќи, како што кажа, за претседателот на судот Џолев и неговиот заменик неможе да се бара изземање доколку не се судии во процесот. Побара отфрлање и набарањето за изземање на в.д. претседателот на Апелација и неговиот заменик бидејќи, рече, предметот не се наоѓа во фаза на одлучување пред Апелацискиот суд.

На рочиштето на кое исказ требаше да дадат двајца сведоци, присуствуваа сите обвинети, нивните бранители со исклучок на Милан Андонов и Митко Печков, кои се адвокати на Никола Груевски и Миле Јанакиески.

Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“