Предлог до Заев: Направете ги „Треска“ и „Расадник“ паркови за да покажете дека не се сите исти и да добиете меѓународен углед

Од:

Запуштените простори на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје и „Расадник“ во Кисела Вода да станат паркови, предлагаат граѓаните обединети на страницата „Во одбрана на Буњаковец“ каде се споделуваат информации и се мобилизираат граѓаните за спречување на дополнителното бетонирање на градот.

„Со претворањето на запуштените простори на ’Треска’ и ’Радасник’ во паркови Град Скопје ќе почне да ја заслужува посакуваната титула ’зелена престолнина на Европа’. Потребна е само политичка волја искажана од градоначалниците Петре Шилегов, Саша Богдановиќ и Филип Темелковски и советите на локална самоуправа во кои нивната коалиција има мнозинство. Секој денар од нашите пари од локалните и од државниот буџет вложен во нови паркови е директна инвестиција во иднината и здравјето на граѓаните, а ваквата реформа на Владата на Република Северна Македонија и Зоран Заев ќе им донесе меѓународен углед со кој ќе докажат дека е неточно тврдењето ’сите се исти’“, стои во објавата на „Во одбрана на Буњаковец“.

Градоначалникот Саша Богдановиќ од почетокот на мандатот работи на ревидирање на планот „Треска“ откако прогласи мораториум за актуелниот план кој предвидува 50 нови згради

Деталните урбанистички планови „Треска“ и „Расадник“ се во подготовка. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ од почетокот на мандатот работи на ревидирање на планот „Треска“ откако прогласи мораториум за актуелниот план кој предвидува 50 нови згради во делот кај и околу поранешната фабрика.

Во септември годинава Кисела Вода покажа нов, втор прелог – план, во кој беа избришани само неколку од 100 – те згради предвидени во првиот план  „Расадник“

Градоначалникот на Кисела Вода, пак, Филип Темелковски, минатата година стави на јавна анкета предлог – план „Расадник“ во кој беше предвидена изградба на 100 нови згради, на кој граѓаните доставија 120 приговори. Во септември годинава Општината покажа нов, втор прелог – план, во кој беа избришани само неколку од зградите предвидени во првиот план, а граѓаните и овој пат не го криеја незадоволството од најавите за бетонирање на градот.

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја укина Одлуката за суспензија од примена на ДУП во Општина Куманово

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Истражување: Дел од општините имаат неважечки Генерални урбанистички планови

Орце Костов

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ