Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Од:

До јавноста пристигнаа официјални документи од Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, каде недвосмислено се потврдува дека реката Треска кај Кичево е во петта категорија, односно многу загадена вода, наведуваат од Левица преку соопштение. Соопштението следува интегрално:

Во трите анализирани примероци од Треска се регистрирани параметри типични за екстремно органско и фекално оптоварување: амонијак до 11,5 mg/l, вкупен азот до 20 mg/l, ХПК дури 2.045 mg/l, суспендирани материи до 3.812 mg/l, а бројот на E. coli и колиформни бактерии е над 3.000 CFU/ml. Кај повеќе од овие показатели водата е класифицирана во V класа – многу загадена вода, односно вода со тешко нарушен еколошки квалитет. Патохистолошкиот наод кај угинатата македонска пастрмка регистрира некротични промени на црниот дроб и хеморагичен нефрит, додека микробиологијата утврди Aeromonas encheleia, A. caviae и A. bestiarum.

Заклучокот на Ветеринарниот факултет е дека поморот може да се поврзе со големото загадување на водата.

Документите веќе го рушат најудобниот политички алиби дека станувало збор за некаква природна аномалија. Особено затоа што пред самиот помор веќе постоеа јавни информации за проблеми со третманот на отпадните води во Кичево и испуштање нетретирана вода кон Зајаска Река, притока на Треска. Законот за водите токму затоа предвидува контрола врз испуштањето отпадни води и надзор од овластен инспектор за животна средина, а целата законска рамка почива на превенција на загадувањето, не на пишување записници откако рибата ќе исплива мртва.

#Левица бара:

Итно постапување Обвинителството и целосна кривична истрага за изворот на загадувањето и одговорноста на сите физички и правни лица;

Воспоставување континуиран и јавно достапен мониторинг на квалитетот на водата во Треска, со редовно земање примероци на повеќе точки, следење на клучните физичко-хемиски и микробиолошки параметри и објавување на резултатите во форма достапна за јавноста;

Итна ревизија на работата на пречистителната станица во Кичево – зошто не работела, кој ја исклучил и кој штедел на струја додека реката умирала;

Кривична одговорност за сите кои со години дозволувале фекалии и индустриски отрови да се леат директно во Треска, а потоа се сликале покрај реката и ветувале „европски стандарди“.

По вакви наоди, молкот е бегство од одговорност!

Displaying Точка нула.jpg.

Би можело да ве интересира

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он