ЗНАМ: Општина Центар не знае колку згради се градат во моментов, нема ниту градежен инспектор да ги брои

Од:

Во општината во која се гради на секој чекор, нема градежен инспектор! Кој ја контролира изградбата и кој гарантира дека се почитуваат законите? Општина Центар, која сака да се претставува како „перјаница на општините во Македонија“, по 50 години постоење сè уште се соочува со основни институционални слабости. На едноставно советничко прашање – „Колку активни градилишта има на територијата на Општина Центар?“ – општинската администрација нема одговор! – се вели во соопштението на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Од движењето велат „Од Секторот за урбанизам одговорноста ја префрлиле на Градежната инспекција, а од Секторот за инспекциски работи потврдиле дека Општина Центар во моментов нема активен градежен инспектор! Ова е скандалозно! Додека во речиси секое маало никнуваат нови згради, општината нема градежен инспектор, а не може да даде ниту основен податок за бројот на активни градилишта“.

„Се поставуваат сериозни прашања: Кој ги контролира активните градилишта во Центар? Кој проверува дали се гради согласно одобрените проекти? Кој утврдува евентуални неправилности и незаконско градење? Кој ја презема одговорноста за ваквиот институционален пропуст?“ прашуваат од ЗНАМ.

Посочуваат дека „граѓаните на Центар заслужуваат одговори, а не префрлање на одговорноста од еден сектор на друг. Бараме итно решавање на проблемот со градежната инспекција, јавно објавување на бројот на активни градилишта и јасно образложение кој во моментов го врши инспекцискиот надзор. Центар не смее да биде општина во која се гради на секој чекор, а нема кој да контролира што и како се гради“.

Би можело да ве интересира

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Минчев: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата