Поради „Пелагонија“ нема парно за 66 домаќинства во скопска Кисела Вода

Од:

„Во пресрет на најстудените денови во годината, 66 домаќинства во скопска Кисела Вода се оставени на милост и немилост од страна на институциите кон кои со години уредно ги извршуваат своите должности. Станарите на улица „Тоне Томшиќ 25“ во Кисела Вода се оставени без греење, и тоа не поради сопствена негрижа, туку поради студентскиот дом „Пелагонија“ – се вели во реакцијата од станарите на споменатата улица.

Од таму велат „домот по самиот крај на академската година е затворен поради реновирање и во моментот во истиот е исклучена струја, а со тоа и потстаницата на ЕСМ за станарите на „Тоне Томшиќ 25“ која се наоѓа во просториите на домот.

„Од почетокот на грејната сезона имаме сериозен проблем на кој се чини дека му нема крај“, велат станарите.

„Парно греење имавме само неколку денови по почетокот на грејната сезона, а откако „Пелагонија“ исклучи струја, не префрлаат од институција до институција за да го добиеме тоа што ни следи“ се жалат станарите.

Велат дека од ЕСМ ги насочија кон ЕВН за поставување на посебно броило, но барањето било одбиено со образложение дека немаме потстаница во зградата.

„Сега нашето барање е испратено од Регулаторната комисија за енергетика каде го бараме спасот за студените денови, но и во најлошо сценарио за нашите животи“, велат загрижените станари.

Кај станарите постои и голема загриженост за безбедноста, поради голема опасност од пожар настанат од презаситеност на електричната инсталација на зградата која е изградена во 1965 година.

„Во зградата првично не се предвидени ниту машини за перење алишта, а не пак во еден момент 66 домаќинства да се греат на струја. И во разговор со луѓе од ЕВН ни беше истакната загриженост за ваков начин на греење. Во зградата живеат и стари лица, но и мали деца, бебиња. Кој ќе биде одговорен доколку дојде до пожар за кој постои голема веројатност по готово во деновите пред и по новата година? – прашуваат станарите.

„Затоа апелираме и бараме помош од ЕСМ, ЕВН, општина Кисела Вода и Град Скопје што побргу да се изнајде решение бидејќи ние воопшто не сме виновни за настанатата ситуација. На раководните лица на „Пелагонија“ требало јасно да им биде назначено дека не се одговорни сами за себе, дека од нив зависи и некој друг и воопшто да не дојдеме до ваква бизарна ситуација“ – додаваат станарите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Правиме сè за да нема зголемување на цената на струјата и на парното

Горан Наумовски

Од утре парно греење за корисниците на АД ЕСМ

Грејната сезона почнува на 15 октомври

Активиран противпожарен апарат во казино во Кисела Вода, дел од присутните завршија во болница

А1он

Сместување во студентските домови со најмногу 30 години возраст и забрана ако е сторена потешка повреда на куќниот ред

МВР: Пожарот на „Рампа“ е подметнат

Горан Наумовски