Грејната сезона почнува на 15 октомври

Од:

Грејната сезона ќе започне на 15 октомври 2026, а ќе завтши на 15 април 2027 година, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Грејната сезона може да почне и порано, од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

РКЕ ги потсетува заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми.

Би можело да ве интересира

Од утре парно греење за корисниците на АД ЕСМ

Поскапува и парното

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Загубите на вода на национално ниво изнесуваат 63,05%

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори, регистрира Регуларона