Потпишан меморандум за соработка меѓу ЗМСТАС-За нас и Стоматолошкиот факултет

Од:

По повод Светскиот ден на здравјето денеска на Стоматолошкиот клинички центар се одржа првиот симпозиум посветен на едукација за оралното здравје. На настанот беше потпишан меморандум за соработка меѓу Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ЗМСТАС-ЗА НАС и Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Симпозиумот го отвори деканот на Стоматолошкиот факултет проф. д-р Киро Ивановски кој го поздрави формирањето на друштвото на стоматолошки сестри.

– Значењето на стоматолошката сестра е навистина многу големо, стоматолошката сестра е значајна алатка во стоматолошкиот тим и без нив е незамислива работата во било која стоматолошка ординација. Се надевам дека Здружението и друштвото на стоматолошки сестри ќе го унапредат статусот на стоматолошката сестра во нашето општество, ќе се грижат за нивна додипломска едукација, како и за нивна континуирана едукација во текот на работниот век на секоја стоматолошка сестра, вели Ивановски.

Претседателката на ЗМСТАС – ЗА НАС, сестра Горданка Бешлиовска посочи дека успеале да се имплементираат на некој начин во здравствената политика со тоа што добиле можност да учествуваат во измените и надополнувањата на законот за здравствена заштита.

– Најважно е да излеземе од анонимноста на нашите сручности бидејќи не сме препознаени во здравствените институции како сестри со високо образование, не сме препознаени како сестри со специјализирани студии, рече Бешлиовска.

Хамиде Љатифи, координатор на друштвото на стоматолошки сестри посочи дека друштвото ќе ги штити нивните интереси, барања и нивниот профил. Таа вели дека поради дефицитот на средниот кадар од нивната фела, состојбата во стоматолошките ординации е хаотична, затоа што, како што рече, е вработен несоодветен кадар медицински сестри, лаборанти, забни техничари, физиотерапевти или што е најболно и најжално стоматолози.

Би можело да ве интересира

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за брза пруга: Возовите ќе возат со најмалку 160 км/ч

A1on

Министерството за транспорт и врски потпиша Меморандум за соработка со сите општини

А1он

ВИДЕО: МИОА, МП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Меморандум за соработка на МИОА, МП и Академија на судии и јавни обвинители

ФЗНХ и Општина Кисела Вода потпишаа Меморандум за соработка

Асистентите и научните соработници со писмо до Јанкуловски: Ивановски да биде избран за декан

Наум Локоски