Министерството за транспорт и врски потпиша Меморандум за соработка со сите општини

Од:

Во Владата на Република С. Македонија, Министерството за транспорт и врски потпиша нов Меморандум за соработка со сите општини во земјава заедно со Град Скопје.

Седумдесет милиони евра ќе бидат распределени на сите општини со цел да се изградат нови или да се санираат постојаните локални патишта и улици, како и за санирање на друга патна инфраструктура во општините.

Со тоа, Владата треба да им овозможи на општините да добијат директна помош од 500,000 до 2 милиони евра.

Со реализација на овој проект, ќе се подобри патната инфраструктура во општините, односно нивниот квалитет, безбедност и отпорност на климатските влијанија.

Проектот ќе се финансира со средства од Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка, во износ од 70 милиони евра, што ќе се трошат за јакнување на капацитетите, рехабилитација на локални патишта/улици и објектите покрај нив, поддршка при реализација на Проектот и одговор при итни ситуации.

Рокот за имплементација на овој проект е до 2024 година или најмалку пет години, односно не порано од денот на завршувањето на имплементацијата на Проектот за поврзување на локални патишта.

Би можело да ве интересира

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за брза пруга: Возовите ќе возат со најмалку 160 км/ч

Орце Костов

Десет години за 4,4 километри: Патот Водно-Сопиште изграден чека „амин“ од институциите

Одземена лиценцата за работа на „Беса Транс БТБ“

А1он

(ВИДЕО) Сугарески и Китанов: Ресорот „Транспорт” е мотор на економските промени во државата, инвестирани се околу 300 милиони евра само во инфраструктурата

За изградениот но забранет пат за Сончев Град ќе се менува Законот за градење

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Беџети: Министерството ме извести да не брзам со уривање на платформите на Матка

Маја Илиевска-Пачемска