Стоилковиќ и Месаровиќ потпишаа Меморандум за соработка меѓу Македонија и Србија

Од:

Во Владата на Северна Македонија денеска беше потпишан меморандум за соработка со Република Србија. Меморандумот беше потпишан од страна на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и српската потпретседателка на Владата и министерка за економија Андријана Месаровиќ.

Претходно, вицепремиерот Стоилковиќ и српската министерка за економија Месаровиќ остварија заедничка средба на која беше разговарано за билатералната соработка и за нејзино интензивирање.

Потпишувањето на Меморандумот претходеше на македонско-српскиот бизнис форум којшто се одржува во скопскиот хотел „Александар Палас“, а на кој се присутни над 200 компании и најмалку 300 учесници.

При вчерашната посета на Стоилковиќ и Месаровиќ на компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“ беше оценето дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е голем особено во делот на прехранбената индустрија и дека тенденцијата е размената да се зголеми.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

(ВИДЕО) Со натписи УЧК вандализиран Српскиот културен центар во Куманово

Иван Стоиљковиќ нов министер за локална самоуправа

„Ерата на малтретирање заврши“: Иран ги обвинува САД за кршење на Меморандумот

Стоилковиќ потврди дека си оди: Го оставам Министерството со тројно помал буџет, Програмата К-5 е укината

„Мехр“: Меморандумот со САД предвидува отворање на Ормутскиот теснец и укинување на санкциите врз Иран