Иван Стоиљковиќ нов министер за локална самоуправа

Од:

Досегашниот заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, е избран за нов министер за локална самоуправа на 112. собраниска седница, посветена на реконструкцијата на Владата.

Стоилковиќ доаѓа на местото на досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински. Во периодот од 2024 до 2026 година ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците.

Претходно, од 2002 до 2024 година беше пратеник во Собранието, каде што беше член на Уставната комисија, заменик-претседател на Законодавно-правната комисија, заменик-претседател на Комисијата за транспорт и врски, член на Комисијата за европски прашања, член на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија и член на Комисијата за одбрана и безбедност.

Во периодот од 1992 до 2002 година бил основач и директор на приватно градежно претпријатие.

Стоилковиќ е дипломиран правник, со завршено образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Дополнително се усовршувал во областа на безбедноста и стратешките комуникации, при што во 2006 година завршил забрзана школа за безбедност во Центарот „George Marshall“ во Германија, а во 2005 година стекнал диплома во рамки на програмата на USAID за развој на стратешки комуникации во Вашингтон, САД.

Би можело да ве интересира

Стоилковиќ потврди дека си оди: Го оставам Министерството со тројно помал буџет, Програмата К-5 е укината

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Стоилковиќ и Месаровиќ потпишаа Меморандум за соработка меѓу Македонија и Србија

Вицепремиерот Стоилковиќ на отворањето на саемот „Винска визија – Отворен Балкан“

А1он

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Стоилковиќ: Говорот на Додик не одговараше за празник