СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Од:

СДСМ бара итна смена на министерот Иван Стоилковиќ, обвинувајќи го дека учествува во политичка кампања во Србија и дека со своите активности ја поддржува, како што велат од партијата, „српско-руската агенда“.

Од СДСМ реагираат на појавувањето на Стоилковиќ во Битола заедно со Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски – Заветница, министерка во техничката влада на Србија. Во соопштението партијата ги наведува нејзините ставови за НАТО, Русија и војната во Украина, како и нејзините изјави поврзани со Сребреница и Ратко Младиќ.

„Таа јавно изјави: во Сребреница не се случил геноцид. Тоа е спротивно на правосилни пресуди на меѓународните судови. За Ратко Младиќ вели: генерал на Република Српска, човек што го бранел народот. Младиќ е осуден воен злосторник“, наведуваат од СДСМ.

Партијата го обвинува Стоилковиќ и за поддршка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и за учество во активности поврзани со Србија, меѓу кои и, како што тврдат, организирање превоз за митинг во Белград.

СДСМ тврди и дека македонски државјани биле запишувани во избирачкиот список во Србија и дека биле обезбедувани српски пасоши за гласање.

„Ова што го прави македонскиот министер Стоилковиќ – тоа е мешање во изборен процес на друга држава. Министер од Македонија нема што да бара таму“, велат од СДСМ.

Од партијата бараат Стоилковиќ да биде разрешен, оценувајќи дека неговото учество во политички активности во Србија е несоодветно за македонски министер.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Вучиќ му честиташе роденден на Путин

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

Снежана Савиќ со јасна порака: „Јас гласам за Вучиќ“, а тој по говорот во Арената прво неа ја прегрна

Предраг Петровиќ