Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз

Од:

Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик.

Прес-службата на Министерството за транспорт најави дека во следниот период ќе се направат дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информираат јавноста.

– На јавниот повик кој беше објавен на 17 јуни со краен рок за доставување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда. По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик. Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста, се вели во соопштението од Министерството за транспорт.

Од 120-те еколошки автобуси што требаше да се набават со повикот, 80 требаше да бидат наменети за Град Скопје, а останатите 40 за општините согласно економската оправданост и нивните реални потреби.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Избран се најповолниот понудувач за 150 електрични автобуси

Николоски: Четири компании доставија понуди за електричните автобуси

Поништена e јавната набавка за електрични автобуси

Катерина Ѓуровски

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија условите од јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините