СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Од:

Унгарскиот „Икарус“ повторно победи на тендерот за електрични автобуси во Скопје. Скопјани ќе се возат во автобуси што се поскапи за околу 8.000 евра по парче во споредба со претходниот тендер. Зад „Икарус“ стои Габор Селеш – долгогодишен и отворен поддржувач на Виктор Орбан. Јавно го фалеше Орбан, и ги финансираше и организираше про-орбановите маршеви, а политички е близок со Фидес уште од 2000-дите, тврдат од СДСМ.

– Фирмата е дел од пошироката мрежа на бизнисмени блиски до Орбан. Ова е класичен модел на соработката Орбан–Мицкоски. Додека во Унгарија новиот премиер Петер Маѓар отвора истраги за кредитот од милијарда евра и за орбановите зделки, кај нас истиот круг продолжува да лапа тендери. Поскапи автобуси за граѓаните, а истите врски остануваат недопрени.

Мицкоски по истиот принцип го воведе и орбановиот 4iG како мобилен оператор во Македонија. Задачата на 4iG не беше само бизнис – туку да обезбеди инфраструктурна и технолошка поддршка на орбаново-вмровската медиумска мрежа, која контролира околу 40% од медиумскиот простор во земјата. Автобуси, кредити, медиуми, телекомуникации – се е дел од истата шема. Политички поврзани фирми од орбановиот круг добиваат работа, а цената ја плаќаат граѓаните, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он