Португалскиот шеф на дипломатијата: Не гледам причина Бугарија повторно да блокира

Од:

Португалскиот министер за надворешни работи Жоао Гомеш Кравињо кој е во официјална посета на Македонија, рече дека им верува на бугарските политичари во дадениот збор и потпис и дека не верува дека ќе се случат нови блокади во текот на преговорите.

– Мислам дека е од суштинско значење во меѓународната политика да веруваме во дадениот збор и на потпишаното. Не гледам причина зошто би се покренало истото прашање. За најразлични прашања ако почнат блокади без оглед на она што е договороно, ќе се парализира целото функционирање – рече Кравињо.

Тој објасни зошто францускиот предлог бил подобар од португалскиот кој беше широко прифатен од македонските власти и од претседателот Пендаровски со образложение дека е добра основа за решение со Бугарија.

– Францускиот предлог што го прави подобар? Во политиката не е целта да се постигне се, туку она што е возможно. Оддавам признание на македонската влада за надминување на потешкотиите и што го помрдна процесот напред.

Ова е историски момент кој не прави среќни, ние во текот на португалското претседелство создадовме услови за да се стигне до овој момент. Со елементи од нашиот предлог стигнавме до овој историски момент. Португалија и понатаму ќе ја поддржува вашата земја во текот на целиот процес. Пристапувањето на Македонија е од суштинско значење за ЕУ. Можеме да го понудиме нашето искуство од преговорите на останатите аспиранти за влез во ЕУ – истакна Кравињо и додаде дека Португалија и Македонија сега ќе се фокусираат на билатералните односи и соработката во економијата, образованието и одбраната.

Би можело да ве интересира

Загинаа голем број странци во несреќата во Португалија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Португалија во шок, прогласен ден на жалост по несреќата со жичницата

Катерина Ѓуровски

Ребело де Соуза: Лидерот на најголемата светска суперсила е руски или советски агент

Четири лица загинаа во пожари во Португалија, вклучувајќи и пожарникар

(ВИДЕО) Иберискиот Полуостров во пламен: Температури до 44 степени, пожарите зафатија села

Новиот грчки министер за миграција вели дека убивањето мигранти на граница е во ред