Возач во Португалија прегази 12 лица, меѓу кои и двајца полицајци

Од:

Најмалку 12 лица беа повредени кога автомобил се заби во пешаци во популарна ноќна зона во Албуфеира, јужна Португалија, во раните утрински часови, а возачот, кој имал ниво на алкохол во крвта од 1,29 промили, набрзо беше уапсен.

Едно лице е тешко повредено, додека десет млади лица на возраст од 18 до 22 години се здобиле со полесни повреди. Меѓу повредените има двајца полицајци, соопшти Португалската Национална Републиканска Гарда (GNR), според португалскиот „Еуроњуз“.

Возачот е подложен и на токсиколошки тестови, а против него се поднесени обвиненија за тешка телесна повреда, возење под дејство на алкохол и опасно возење.

Инцидентот се случил околу 3 часот наутро на улицата Франциско Са Карнеиро, кога паркиран автомобил почнал да се движи. Полицајците му наредиле на возачот да застане, но тој ја игнорирал наредбата и го свртел возилото.

Кога полицајците на GNR му наредиле повторно да застане, возачот продолжил да вози кон пешаците и полицајците, удирајќи неколку лица.

За време на обидот за бегство, автомобилот удрил во друго возило. Осомничениот потоа излегол од автомобилот и се обидел да избега пеш, но брзо бил фатен и уапсен од полицијата.

Популарната област Оура била преполна со луѓе во времето на инцидентот, а снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат автомобилот како се движи со голема брзина по улица која била затворена за сообраќај.

Би можело да ве интересира

Португалија и Колумбија ремизираа без голови, Роналдо и соиграчите ќе играат против Хрватска во нокаут-фазата

Предраг Петровиќ

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Страшна бура во Португалија и Шпанија – шестмина загинати, еден милион корисници без електрична енергија

А1он

Португалија доби час по ракомет од Франција – паднаа неколку рекорди

А1он

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

Португалија официјално ја призна државата Палестина