Португалија и Колумбија ремизираа без голови, Роналдо и соиграчите ќе играат против Хрватска во нокаут-фазата

Од:

Фудбалските репрезентации на Португалија и Колумбија одиграа натпревар без голови (0:0) во последното коло од групата К на Светското првенство, резултат што им одговараше на двете селекции за пласман во елиминациската фаза.

Со освоениот бод, Колумбија го заврши групниот дел на првото место со седум бодови, додека Португалија заврши втора со пет и обезбеди место во шеснаесетфиналето.

Иако мрежите мируваа, натпреварот понуди многу возбудувања. Најдобрата можност за Португалија ја имаше Бруно Фернандеш во 39. минута, но неговиот удар од непосредна близина одлично го одбрани голманот Камило Варгас.

Во второто полувреме Колумбија беше поопасен противник и во неколку наврати се закани пред голот на Португалците. Во судиското продолжение Давинсон Санчез ја испрати топката во мрежата по центаршутот на Хуан Фернандо Кинтеро, но погодокот беше поништен по интервенција на ВАР поради офсајд.

Во шеснаесетфиналето Колумбија ќе се сретне со Гана, додека Португалија ја очекува дерби-пресметка против Хрватска.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка

Англија ја декласира Хрватска со 7:0 и ѝ го нанесе најтешкиот пораз во историјата

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“