Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска позитивна на коронавирус

Од:

Портпаролката на владејачкиот Социјалдемократски сојуз, Богданка Кузеска, вечерва објави дека добила позитивен резултат на тест за коронавирусот.

„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг,“ напиша Кузеска на Фејсбук.

„Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето. Чувајте се!,“ додава таа.

Кузеска го водеше неделниот 25-ти конгрес на СДСМ, прв кој се одржа „дигитално“, односно преку интернет, но во присуство на највисокото партиско раководство. Меѓу присутните беше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој вчера објави дека е заразен со коронавирусот.

Од партијата денеска за „А1он“ рекоа дека никој од присутните на конгресот не е во изолација поради контактите со Спасовски, како и дека на конгресот, како и сите настани кои ги организира СДСМ, биле почитувани сите мерки за заштита од коронавирусот.

„Дигиталниот Конгрес на СДСМ се одржа во голема просторија со помалку од 30% исполнетост на просторот. Целосно се почитуваше задолжителното носење маска од сите присутни (освен за време на обраќањата, кои беа на драстично поголема дистанца од предвидената), постојана дезинфекција и достапни средства, сите присутни беа на соодветна и доволна физичка дистанца, со постојано проветрување на просторот и постојана дезинфекција на микрофоните, говорницата и другите површни во салата. Дополнително, пред влезот во салата на сите им беше измерена температура, согласно протоколите“, велат од СДСМ.

На конгресот беа присутни партискиот лидер Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, Снежана Калеска-Ванчева, Мухамед Зекири, Коста Петров, Дарко Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски