Никој од присутните на Конгресот на СДСМ не е во изолација поради контакт со Спасовски

Од:

Ниту еден од присутните на дигиталниот Конгрес на СДСМ кој се одвиваше викендов засега не е во изолација поради контакт со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Од СДСМ тврдат дека се почитувале протоколите при одвивање на партиските активности. За евентуална изолација на партиски претставник, најавуваат дека сами ќе ја информираат јавноста.

„Епидемиолошките анкети, се задача на надлежните здравствени установи кои согласно процедурите ќе извршат анкети и согласно резултатите, ќе постапат зависно од наодите. Доколку здравствените, стручни институции утврдат дека некој претставник на СДСМ треба да биде во изолација јавноста ќе биде информирана за тоа“, велат од партијата.

Оттаму велат за време на партиските настани, секогаш се почитувале сите протоколи.

„Дигиталниот Конгрес на СДСМ се одржа во голема просторија со помалку од 30% исполнетост на просторот. Целосно се почитуваше задолжителното носење маска од сите присутни (освен за време на обраќањата, кои беа на драстично поголема дистанца од предвидената), постојана дезинфекција и достапни средства, сите присутни беа на соодветна и доволна физичка дистанца, со постојано проветрување на просторот и постојана дезинфекција на микрофоните, говорницата и другите површни во салата. Дополнително, пред влезот во салата на сите им беше измерена температура, согласно протоколите“, велат од СДСМ.

Меѓу присутните на Конгресот со Спасовски беа Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, Снежана Калеска-Ванчева, Мухамед Зекири, Коста Петров, Дарко Каевски.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска