Политико Европа: Ако не помине Договорот, земјата ќе остане ФИРОМ надвор од ЕУ и НАТО

Од:

Весникот Политико Европа, влијателен во високите дипломатски и одлучувачки сфери во Европската Унија во својот уреднички коментар утрово се осврна на исходот од вчерашниот референдум во Македонија.

Авторот, Флориан Едер, оценува дека неизлезноста претставува ризик за Договорот со Грција за името и вели дека пораката на оние кои се одлучиле да бојкотираат не е јасна.

– Кој да знае што сакаа да кажат оние кои не излегоа да гласаат. Но, ако Парламентот оцени дека непостигнувањето на цензусот од 50 отсто е покана да се каже „не“, тогаш последиците се прилично непосредни: светот ќе продолжи да и се обраќа на земјата со акронимот и таа нема да му се придружи на НАТО наскоро, а не пак да започне преговори со ЕУ. Но „ФИРОМјаните“ среќно ќе продолжат да се нарекуваат „Македонци“, пишува Едер во својот коментар.

Политико Европа потсетува дека ставот на Брисел е дека треба да се усвои договорот со Грција во Собранието, во интерес на земјата, како и на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Москва е загрижена од плановите на НАТО