Подобрени услови и комплетно молерисување на просториите, училниците, ходниците, ентериерот и помошните простории доби Посебното основно училиште Иднина.
– Да се биде денес тука има непроценливо значење затоа што, искрените емоции на лицата на овие деца и благодарноста што ја искажуваат, е важна лекција за секој поединец и посебно компанија што работи во истата оваа заедница, изјави генералниот директор на Неотел, Трајче Черепналковски.
Своето задоволство за донацијата децата ја изразија и со доделување благодарници.
– Оваа донација ни помага за сестрана грижа кон учениците, а гестот да се израдуваат децата со подароци воочи Светскиот ден на лицата со инвалидност, 3 Декември, зборува за хуманиот аспект на компанијата Неотел како општествено одговорна која има чувство за ранливите категории во социјалната заедница, изјави Анета Петровска, директор на ПОУ Иднина.
Во училиштето се згрижени околу 115 деца, а училишниот објект лоциран во Општина Чаир е изграден во 1963 година и располага со капацитети за едукација и подобрување на физичката и менталната состојба на децата од основно училиште кои се со посебни потреби.