Петстотини помагала за слепите лица во Македонија

Од:

Петстотини помагала од кои 50 звучни топломери и 50 звучни апарати за мерење крвен притисок, 100 рачни тактилни часовници (броеви), пакети на игли за шиење и вденувачи за конец за игли, 50 говорни кујнски ваги за домаќинства, 50 говорни индикатори доби денеска Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија. Помагалата ги набави Министерството за труд и социјална политика вредна 800.000 денари.

Претседателот на Националниот сојуз на слепи лица Жарко Селковски на примопредавањето на помагалата изрази задоволство од донацијата и рече дека тие се од големо значење бидејќи слепите лица ќе можат самостојно да ги користат.

– Верувам во огромното разбирање на министерот и Владата и дека ќе ја  продолжиме соработката со Министерството за труд и социјална политика во набавка на други помагала, како и во други области меѓу кои е и изградба на дневен центар, дом на слепи лица …, рече Селковски.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека имаат континуирана соработка со Националниот сојуз на слепи лица и укажа на најзначајните мерки кои се спровеле изминатиот период. Тој најави  и  продолжување со континуирана набавка за различни помагала кои се потребни за слепите лица.

– Многу малку од нас знаат како слепите лица дознаваат колку е часот или како ја мерат грамажата во сопствените кујни, како го мерат својот притисок или пак телесна температура. Токму поради тоа ги набавивме овие помагала за кои што имаат потреба. Ова е едно долгогодишно барање на Националниот совет за слепи лица за континуирана набавка на оваа опрема која што треба да им го олесни секојдневието на овие наши сограѓани, истакна Спасов.

Тој потсети дека Владата покрај овие активности што ги прави за слепите лица го воведе и додатокот за слепило кој во моментов го остваруваат 2.500 лица во висина од 7.000 денари месечно. Најави и наскоро отворање на дневниот центар за слепи деца.

– Очекувам до септември да биде отворен и првиот дневен центар за слепи дечиња во Скопје, а за 2015 година планираме и дневен центар за слепи во Велес. Започнавме со постапка за снимање на повеќе од 400 аудио книги од најразличен карактер кои треба да им го олеснат секојдневието, како и постапка за изградба на патеки од седиштето на Сојузот на слепи до централното градско подрачје, најави Спасов.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Национален сојуз на слепи: Да се изработат материјали во пристапни формати за лица со оштетен вид

Ана Ололовска

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска