Национален сојуз на слепи: Да се изработат материјали во пристапни формати за лица со оштетен вид

Од:

Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија соопшти дека денеска му се придружува на остатокот од светот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Брајовото (Релјефно) писмо преку онлајн конференција.

Од Националниот сојуз упатуваат апел за важноста за изработка на материјали во пристапни формати за лица со оштетен вид.

– Упатуваме апел до надлежните власти за ратификација и имплементација на Меѓународниот Маракешки договор склучен во Мароко во 2013 година, кој на слепите лица им го дава основното човеково право – правото да читаат. Во овој сегмент сакаме да ја искажеме важноста од хармонизација на законот за авторското и сродните права со светските трендови во поглед на издавањето на аудио и браеви материјали за лица со оштетен вид, но и на електронски книги за лицата кои не можат да држат стандардна книга односно лица без горни екстремитети. Правото на читање и правото на пристап до информации во пристапен формат е основно човеково право. Браевото писмо е единствено 6то точкасто писмо за лица со оштетен вид, посочуваат од Националниот сојуз на слепи.

Истакнуваат дека секоја година во свое издание, но и во издание на Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“ од Велес издаваат значителен број примероци на Браево писмо и во аудио формат.

Опфатени се сите лектирни изданија, понатаму задолжителна школска литература во основното и во средното образование, повеќенаменски списанија итн…Нашата мисија не завршува тука…Се дури има парче хартија кое не е испишано во пристапен формат нашата цел на постоење е оправдана. При издавачко информативниот центар на Националниот сојуз на слепи и при Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“ од Велес функционираат единствените во земјава светилници на описменувањето на лицата со оштетен вид на Брајово писмо. Само за миг врзете си ги очите, замижете и пробајте да прочитате книга, списание, документ…, дури тогаш ќе ја разберете потребата од прстите кои читаат, додаваат од Националниот сојуз на слепи.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден на Белиот стап

Наум Локоски

Потребно е подобрување на животот на слепите и слабовидните лица

Ана Ололовска

Меѓународен ден на Белиот стап, слепилото е состојба, а не болест

Ана Ололовска

НССРМ: Државните институции „слепи и глуви“ за потребите на лицата со оштетен вид

Ана Ололовска

Потпишан договор за подобри образовни можности за децата со оштетен вид и рана превенција

Ана Ололовска

Потпишување договор за проект за деца со пречки во видот

Ана Ололовска