Потпишан договор за подобри образовни можности за децата со оштетен вид и рана превенција

Од:

Подобрување на образовните можности за децата со оштетен вид и рана превенција при евентуални очни болести овозможува Грант договорот за продолжување на проектот за деца со пречки во видот во висина од 1,1 милион долари, кој денеска го потпишаа Проектот на УСАИД и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите.

Станува збор за шестгодишен проект за деца со пречки во видот, кој почна во октомври 2014 година, а е реализиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа. Проектот работи на зголемување на квалитетот и пристапноста на услугите за образование за деца со пречки во видот, со посебен фокус на писменост, со печатење учебници на Брајово писмо на локалните јазици и кампањи за бесплатни очни прегледи кај деца од предучилишна возраст.

Меѓународниот претседател на Лајонс клубс Интернешнел, Боб Карлу рече дека до 2014 година помалку од еден процент од македонските деца со оштетен вид можеле да читаат Брајова азбука. Тој изрази задоволство што успеале да ја сменат оваа реалност за лицата со оштетен вид во Македонија.

Проектот е составен од три компоненти: образовна – во рамки на која се отворени и опремени пет ресурсни центри во Скопје, Тетово, Битола, Велес и Штип каде децата со оштетен вид посетуваат дополнителна настава, а сите учебници за основно образование на македонски, албански и турски јазик се прилагодуваат и печатат на Браево писмо, медицинска – во рамки на која тим од 15 истакнати офталмолози вршат очни скрининзи за деца од предучилишна возраст во детските градинки (од почетокот на проектот досега се прегледани 10.000 деца на возраст од 3 до 6 години) и социјална компонента во рамки на која е отворен Центарот за поддршка на слепите лица во Скопје.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид

Ана Ололовска

Апликацијата со која слепите лица пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа достапна и на албански јазик

Ана Ололовска

Слепите лица и лицата со пречки во видот добиваат бесплатна дигитална алатка – Аудио читач “Кико”, достапна на македонски јазик, применлива без интернет поддршка

Ана Ололовска

„Новогодишна сказна“ – двојазична сликовница за деца со оштетен вид

Катерина Ѓуровски

Национален сојуз на слепи: Да се изработат материјали во пристапни формати за лица со оштетен вид

Ана Ололовска

Национален сојуз на слепи: Еднаш годишно направете офталмолошки преглед

Ана Ололовска