Пендаровски со младите од Кочани: Јас нудам иднина за младите, заедно напред до целта, до Европа и подобра иднина

Од:

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на настан организиран од младите на Кочани „Заедно напред, заедно до целта“.

Особено радува, што на сите средби повеќе од половина присутни се млади луѓе и тоа, рече, покажува дека оваа политичка опција која ја застапува и тој нуди европска перспектива за младите кои, како што посочи, 10 години за време на режимот беа запоставени.

„Со забрзани чекори државата оди кон Европа, добивме покана за членство во најголемиот сојуз и очекуваме тоа да финишира до крајот на годината, со што ќе станеме полноправна членка на НАТО. До јуни, доколку продолжиме со реформското темпо, ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.”, рече Пендаровски.

“Со ова, се отвораат огромни можности за младите, стануваат достапни претпристапните фондови а тоа значи и многу поголема мобилност на студентската популација . Тоа ќе придонесе за стекнување нови искуства, до европските образовни фондови ќе доаѓате многу побрзо и полесно. Се учи на вредностите кои се доминантни. Полесно ќе можете од прва рака да ги видите тие вредности. Заедно напред, заедно до целта, до Европа и подобра иднина за младите“, додате тој.

Преку програмата Еразмус, 4 милиони студенти од Европа, меѓу кои и младите од Северна Македонија имаат можност да студираат , да се образуваат, да разменат искуства и да стекнат нови вештини.

Би можело да ве интересира

Маж од Кочани му се заканувал на својот татко

Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат

Кочанчанец удрил девојка со пиштол и дивеел во кафеана – уапсен е

Анита Петровска Рајковиќ

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ