Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Од:

Симеон Михаилов, кој во Македонија има правосилна затворска казна од 12 години и шест месеци и за кого, според достапните информации, сè уште е активна потерница, се појави во бугарски медиум за да зборува за судскиот процес против неговата ќерка Ива Михаилова.

Михаилов е еден од осудените во предметот „Детонатор“. Во тој случајот првично беше осуден на доживотен затвор за кривични дела поврзани со обид за убиство, злосторничко здружување и насилство. По понатамошното одлучување во судската постапка, казната му беше преиначена на 12 години и шест месеци затвор.

Иако треба да ја издржува изречената казна, Михаилов во меѓувреме ја напушти Македонија и повторно стана недостапен за македонските институции. Претходно, во 2014 година, е екстрадиран од Италија, каде што е уапсен врз основа на меѓународна потерница.

Сега тој повторно се најде во јавноста, овојпат преку бугарска телевизија, каде што говореше за случајот на неговата ќерка Ива Михаилова. Таа во Кочани е обвинета во постапка поврзана со сообраќајна несреќа со смртни последици, а на првото рочиште се изјасни дека не се чувствува виновна.

Случајот предизвика интерес и реакции во Бугарија, а појавувањето на нејзиниот татко во тамошните медиуми повторно го привлече вниманието кон постапката што се води во Македонија.

Михаилов во телевизиското гостување зборуваше за третманот на неговата ќерка и за судскиот процес, иако самиот во Македонија е правосилно осуден и, според објавените информации, се бара за издржување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ