МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Од:

Александар Лазаров (41) од Кочани, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е лишен од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 14 јули 2026 година, по добиени оперативни информации, полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за потраги го привеле Лазаров, за кого претходно беше распишана централна и меѓународна потерница.

Потерницата беше распишана по барање на Основниот суд Кочани, бидејќи Лазаров е осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

По приведувањето, Лазаров е спроведен во Полициската станица Кисела Вода, каде ќе се преземаат понатамошните законски дејствија.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи