ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Од:

Четири лица се приведени по нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во Кочани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од село Баница, Струмичко.

Според МВР, по претходна расправија на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани, лицата го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале вкупно шест лица.

По преземените мерки и целосното документирање на настанот, против приведените биле поднесени соодветни поднесоци.

Од МВР информираат дека за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности, како и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски