Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски од денес ќе им биде претпоставен на осуммина нови административци кои на конкурсот за вработување конкурирале како етнички Албанци иако се етнички Македонци.
„А1он“ дознава дека општина Куманово вработила осуммина кандидати Македонци со идентификациски код Албанец (ка) којсе добива од Агенцијата за администрација.
Со одлуки на секретарот на опшитината, Алекдандар Гелевски, на јавниот оглас распишан од општината, а кој го спроведувала Агенцијата за вработување, за помлад соработник за безбедност при цивилна заштита и спасување и управување со кризни состојби е избранка кандидатка која се впишала Албанка иако е етничка Македонка.
„А1он“ дознава дека Македонци кои се впишани како Албанци се вработени и на позициите: самостоен референт за администрирање на плати во секторот за финансиски прашања, за советник во оделението за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок Сектор даноци, за помлад соработник во Одделението за заштита на животна средина и природата, за двајца помлади соработници за култура во Оддлението за култура и спорт, за помлад инспектор за патен сообраќај во Одделенио за инспекциски надзор и за позицијата референт за административни работи и проектна документација во Оделението за меѓународна соработка и евроинтеграции.
За позицијата со назив Помлад соработник за аналитика на локален економски развој во Оделението за стратешко планирање каде што се бараа двајца кандидати етнички Албанци, вработени се кандидати Албанци, а по етнички клуч е избрана и кандидатка за поџицијата Помлад соработник за поддршка при контрола на проценка на недвижен имот во Оделението за утврдување и наплата на данок на имот.
Пропаднал само огласот за Виш соработник во Оделението за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок затоа што немало кандидат кој бил квалификуван за вработување.
Според процедурата за вработување, Комисија за административна селекција ги проверува документите на пријавените кандидати и дали се тие соодветни за пријавеното место на огласот, а оние кои одговараат на условите имаат тестирање во Агенцијата за вработување.
Тие што ќе го положат испитот, одат на интервју за вработување по што Агенцијата до општината ги доставува како предлози најдоброрангираните кандидати, а одлуката на крајот ја носи општината.