Османи: Од Македонија имало јавувања и лобирања во Бугарија за да не се реши спорот

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека е точна констатацијата на бугарскиот премиер Кирил Петков за руските агенти кои работеле против добрите односи меѓу Македонија и Бугарија.

– Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека непотребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение, рече Османи на редовниот неделен брифинг за медиумите.

Тој не откри за кои лица или институции се работи.

– Се потврдува и со факти, а тоа го потврдуваат и нашите бугарски пријатели, дека ниту една членка на ЕУ нема интерес Македонија да не се интегрира во Европа. Ние цело време тоа го кажуваме, дека стратешки интерес на Бугарија е да биде предводник на европската перспектива на регионот. Проширувањето е безбедносно прашање. Сметам дека констатацијата е точна, дека имало обиди Западниот Балкан да не се движи кон ЕУ. Не исклучувам дека во нашата држава има и ќе има се повеќе вознемирени луѓе кои работеа оваа перспектива да не се случи вели министерот за надворешни работи.

Тој не сакаше да потврди директна порзаност на протераните руски дипломати но вели:

– Контекстот може да се поврзе со ова што бугарските власти го кажуваат бидејќи сите активности имаат намера создавање на одредено општествено незадоволство кое може да се пренасочи за постигнување на слични цели“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија ја користи нуклеарната централа Запорожје за воени цели

Горан Наумовски

Рускиот министер за одбрана во Северна Кореја: Договоривме воена соработка

Макрон: Санкциите кон Русија и кредитот за Украина се силен сигнал до Москва

Грушко: Западните земји вежбаат сценарија за блокада и заземање на Калининград

Буданов: Западот бара од Украина да ги запре нападите врз Русија

Горан Наумовски

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата