Најмалку четири лица загинаа во напад во регионот на Киев

Од:

Најмалку четири лица се убиени во напад на руските сили врз регионот Киев, објави началникот на регионалната воена администрација на Киев, Микола Калашник.

– За жал, бројот на жртви од непријателскиот напад врз мирно претпријатие во округот Бровари се зголеми на четири. Изразувам искрено сочувство до роднините и пријателите на починатиот, рече Калашник.

Првично беше објавено дека е убиено само едно лице.

„Непријателот нападна мирно цивилно претпријатие од прехранбената индустрија. Луѓе кои во тој момент едноставно си ја вршеа работата. На територијата на претпријатието гори административна зграда, објектите се делумно уништени“, рече Калашник.

На местото на настанот работат сите потребни служби, а во тек се спасувачки операции, потрага по луѓе и отстранување на последиците од нападот.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД