Османи: Можете да ме обвините за се, но за корупција не можете, одбравме најниска цена за „Борис Трајковски“

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи им наредил на службите во МНР веднаш да ја испратат целокупната документација до Антикорупциска за случајот кој го отвори таа поврзан со изборот на фирмата донатор на ДУИ, „Еуровиа“ за изведувач на адаптацијата на салата „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ во декември.

– Жал ми е што не бев дома два дена, имам разбирање за реакцијата на јавноста која бара транспарентност за секој денар потрошен од МНР. Како што објаснивме, МНР нема избрано компанија, туку кога имате отворена постапка и единствен критериум ви е 100%, тоа што МНР прави е само рангирање. Таа што е најевтина, таа се предлага на министерот да ја избере.

Кога би било одреден квалитет и цена, вие субјективно одлучувате, но не можете да влијаете врз изборот кога има само цена. И да беше еден денар, немавме можност за поинаков избор. Тука е разликата дури четирипати поевтина – рече Османи.

Министерот потенцира дека ва е најважниот настан во земјава и дека во неговата политичка кариера никогаш не би ставил дамка врз тоа. Затоа смета дека нема никаков конфликт на интерес ниту пак е прекршен законот.

– Да направиме отворен брифинг. Ќе видите дека немавме можнотст за друга одлука, ќе го прекршевме законот така. Можам да предложам дајте да донесеме закон во кој компаниите кои донираат на партии, да не може да учествуваат на тендер, еве со опозицијата да го изгласаме.

Нема конфликт на интереси, единствено што се спомнува е дека сопственикот бил роднина на бивш министер кој е покоен шест години. Ја разбирам реакцијата и граѓаните имаат право да се сомневаат, но ве уверувам дека се е законски. Може да ме обвините за се, но за корупција не можете, ниту кога сум бил и доктор. Таа особина ја немам посебно на ваков важен настан. Знам дека е тешко за верување, но дознав дека фирмата е донатор од вас медиумите. Ги повикувам институциите да истражат се – додаде Османи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бујар Османи го повика Изет Меџити да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

Османи: Секогаш кога иднината изгледаше неизвесна, граѓаните избираа достоинство, демократија и европска иднина

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он