Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Од:

Европскиот фронт има длабока победа наспроти коалицијата Вреди со над 40.000 гласа и со победа во речиси сите општини во земјата, кажа кандидатот за претседател на ДУИ, Бујар Османи.

„Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката за Европскиот фронт и за мојата кандидатура, ова е заедничка победа и само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина за нашата држава. Сакам да се заблагодарам на сите партии во фронтот, ДУИ, Алијансата за Албанците, ДПА, Движењето народ, ДПЕ, ДПТ, Унијата на Бошњаците, Унијата на Ромите, Интелектуалното движење на Турците уште еднаш за довербата што ми ја дадоа да бидам кандидат. Сакам да кажам дека денешниот глас е аманет за нас и ќе биде одлука за идните политики на оваа држава. Се уште ги чекаме официјалните резултати, се уште имаме поделено општество, но да се надеваме дека граѓаните ја дале пораката на заедништво која Фронтот за Европа ја лансираше за еднаквост“, кажа Османи.

Тој повтори дека денеска Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите кажале дека самите одлучуваат за својата иднина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив, со став дека волјата на граѓаните е јасна и таа треба да се почитува.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби