Одвај чекам да се потврди кој се грижи за граѓаните, а кој за големите риби, вели Лога пред гласањето за Законот за амнестија

Од:

Законот за амнестија кој е на дневен ред на денешната собраниска седница ги скара СДСМ и Алијансата за Албанците. Иако од партијата на Арбен Таравари за А1он велат дека не е на дневен ред на Алијансата напуштање на владата доколку не се изгласа Законот кој министерот за правда, Кренар Лога го испрати до Собранието, сепак тврдат дека само сакаат да видат како ќе гласаат пратениците на Димитар Ковачевски.

Министерот за правда, Кренар Лога пред почетокот на седницата за А1он вели дека одвај чека да го види исходот од седницата, но засега не гледа можност да се напушти владата предводена од Ковачевски.

„Како ќе гласаат пратениците е загарантирано право со Уставот. Сите сносиме одговорност за нашите политики, јас едвај чекам да се потврди ситуацијата дека некој се грижи за сите граѓани на оваа држава, а некој друг само за неговиот двор и за големите риби“, вели Лога за А1он.

Од СДСМ, пак нема одговор на прашањето од А1он, што ќе се случува на седницата. Според нашите информации, пратениците од владејачката партија се на координација на која се даваат последните аргументи „за“ и „против“ Законот за амнестија, кој како 26 точка е ставен на собраниска седница.

Разидување помеѓу СДСМ и АА имаше и за Кривичниот законик, чиј измени не ги гласаа пратениците од Алијансата за Албанците. Тој во Собранието замина со потпис на заменик министерката, Викторија Аврамовска Мадиќ, бидејќи и Лога не се согласуваше со овие измени.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус