Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Од:

Со низа активности под мотото „150 години хуманитарна акција“ Црвениот крст на град Скопје ќе го одбележи 8 Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Во рамките на одбележувањето ќе бидат доделени благодарници на крводарители со над 100 крводарување од територијата на град Скопје и ќе биде организиран семинар за мотиватори-крводарители од различни националности со цел подигнување на свеста за важноста на чинот за дарување на крв. Покрај тоа, ќе бидат дистрибуирани 100 пакети за ранливо население, донација од Рамстор, а ќе се одржаат и дисеминациски сесии за различни целни групи за Движењето, за принципите и за Женевските конвенции.

Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува во сите 188 национални друштва во чест на основололожникот и инцијаторот за формирање на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина Анри Динан, швајцарски трговец, роден токму на 8 мај.

Во 1863 година, својата идеја за формирање на хуманитарната организација Анри Динан, ја претставил во неговата историска книга „Сеќавања за Солферино“ по што е создаден Меѓународниот комитет на Црвениот крст и се основани првите Национални друштва. Во 1864 година е усвоена Првата женевска конвенција.

Организацијата е создадена на 17 февруари 1863 година од филантропот Анри Динан, правникот Густав Моание, лекарите Луи Апиа и Теодор Моноар, и генерал Гијом-Анри Дифур. Веднаш потоа се оформуваат принципите на работа на Комитетот, вклучувајќи ја и неутралната улога.

Црвениот крст е најмасовна хуманитарна организација во светот која постојано делува на планот на справување со најразлични итни состојби како што се укажување на помош на ранетите, болните, воените заробеници, цивилите итн.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски