Од 18 јули до 1 септември ќе биде отворен граничниот премин Стрезимир-Рестилица кон Косово

Од:

Граничниот премин Стрезимир-Рестилица на македонско-косовската граница, од 18 јули до први септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји, информира Медат Куртовски, градоначалникот на општината Маврово и Ростуше.

Преминот ќе биде отворен секој ден од 8 до 20 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил).

– Благодарение на министерот Оливер Спасовски и овој летен период повторно ќе можеме да се движиме и дружиме со нашинците од Гора и се надеваме дека овој граничен премин во блиска иднина ќе биде функционален преку цела година во интерес на двете страни. Овој премин ќе биде многу значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар со жителите на општините Рестелица, Драгаш и Призрен, потенцира Куртовски.

Со залагање на Куртовски, преминот кој подолг период воопшто не функционираше, беше отворен во истиот перод 2018, потоа и следната година, додека лани поради пандемијата не беше отворен.

– Како општина ќе продолжиме со активно лобирање за постојано функционирање на овој граничен премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Македонија-Албанија- Косово, посочи Куртовски.

Преминот Стрезимир-Рестилица, како привремен, официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Но, поради несоодветната патна инфраструктура, фрекфенцијата беше минимална.

Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора бараат преминот да има постојан граничен режим, што значи да биде отворен 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму.

Би можело да ве интересира

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски