Обвинителот е од СЈО, рекетираниот бизнисмен е од „Империја“

Од:

Истрагата за која што се водела трговијата со влијание во новата истрага што денеска ја обелодни Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, е „Империја“ што СЈО ја отвори на 9 ноември 2018 година, дознава „А1 он“.

„Империја“, беше отворена токму во периодот во кој првоосомничениот од Обвинителството, Бојан Јовановски, искористувајќи го влијанието врз обвинител во специјалното јавно обвинителство, се обидел да издејствува да му се олесни положбата на осомничен од СЈО.

Медиумите објавија дека во март годинава се случила поплава во СЈО, и тоа меѓу другите, биле оштетени и списи од предметот „Империја“. Ова исто така периодот за кој се однесува истрагата кореспондира со перидот во кој биле вршени дејствијата.

Обвинителката Вилма Русковска на прес-конференцијата соопшти дека од ноевмри 2018 година до април 2019 година, првоосмничениот искористувајќи го влијанието врз јавен обвинител влијелел за да се извршат дејствија со кои во истрагата ќе му се олесни положбата на осомничениот од СЈО.

На средбата осомничените ги уверувале сведоците во влијанието на првоосомничениот врз обвинителот од специјалното јавно обвинителство и примиле во два наврати 1,5 милион евра. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците, но и во домот на првоосомничениот. Според исказот на Русковска, биле побарани првин 8 милиони евра да се запре постапката, а ако тоа не се случи да се исплатат 5 милиони евра и да се најде начин да му се олесни положбата.

Во предметот „Империја“ беа осомничени Орце Камчев и ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, заедно со уште 12 други лица, меѓу кои, и соработниците на Камчев, Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески – директорот на комбинатот „Пелагонија“ и Тодор Мирчевски, директорот на контроверзната компанија „Ексико“, Владислав Стајковиќ, ексдиректорот на компанијата „Финзи“ преку која одеше набавката на израелската опрема за прислушување…

За овој случај обвинителката Лиле Стефанова побара и од судот доби притвор за осомничените, но на предлог на СЈО, пред Нова година, од притвор во куќен притвор беа пуштени Камчев, Мијалков и останатите осомничени во „Империја“.

Лицата беа осомничени  за злосторничко здружување, оштетување и повластување доверители, злоупотреба на слубената положба, измама и перење пари.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

A1on

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски