А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нови рочишта за „Тврдина 2“, „Титаник 2“ и „Тарифа“

by А1он24/12/2018 - 08:3524/12/2018 - 09:04338
Share0

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина 2“, „Титаник 2“ и „Тарифа“.

Добивај вести на вибер

Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои според СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Предметот „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година се наоѓа во доказна постапка. Пред судот, како што најавија, искази треба дадат обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Ново судско рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица.

Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

sjosudtarifatitanik 2tvrdina 2

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:01

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Горан Наумовски18/09/2025 - 10:22

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Горан Наумовски29/08/2025 - 14:42

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:45

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Горан Наумовски01/06/2025 - 16:54

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Горан Наумовски29/05/2025 - 08:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен