Новартис и Лек (Сандоз) донираше 100.000 долари на Институтот за јавно здравје

Од:

Фармацевтската групација Новартис во Република Северна Македонија (Претставништво на Новартис Фарма и Лек Скопје член на компанијата Сандоз), донираше 100.000 долари на Институтот за јавно здравје со цел полесно справување на нашата земја со вирусот COVID-19, кој доби пандемски размери.

„Како компанија на којашто општествената одговорност ѝ е еден од главните приоритети, сметаат дека вложувањето на компаниите во услови на пандемија е исклучително важно. Токму поради тоа, Претставништвото на Новартис Фарма и Лек (Сандоз) одлучија да одговорат на предизвикот и да дадат своја поддршка на надлежните институции во справувањето со состојбата предизвикана од COVID-19.

Со донираните средства ќе биде опремена уште една лабораторија за тестирање со целата потребната апаратура и тестови, со што ќе се обезбеди побрзо и полесно надминување на најголемата здравствена криза во нашата земја.

Глобалната швајцарска компанија Новартис, од која е дел и Лек (Сандоз), пред неколку дена објави дека ќе донира 20 милиони американски долари за земјите најпогодени од епидемијата на коронавирус. Новартис е силно посветен во глобалната битка против COVID-19 и насочен кон поддршка на глобалните здравствени системи“, се вели во соопштението на Фармацевтската групација Новартис.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он