Нов ладен туш, Македонија исклучена од проектите за обединување на Западен Балкан

Од:

Земјите од Западниот Балкан прво ќе треба економски да се обединат и да создадат еден заеднички пазар, за да можат да влезат во ЕУ.

Ова е пораката на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан од Париз кој најави финансиска помош од 150 милиони евра за транспортни и енергетски проекти за земјите во регионот, но меѓу нив не се најде Македонија.

ЕУ 96 милиони евра ќе додели за железнички проекти во Србија, Албанија и Косово и уште 50 милиони евра за зелени проекти.

Хан, во своето обраќање на бизнис-форумот во рамките на Самитот за Западен Балкан во Париз, со ниту еден збор не ја спомна Македонија, за разлика од Црна Гора, Албанија, Србија и од Косово.
Потенцијалот за поврзување на трите држави ќе биде искористен само ако ги извршат неопходните реформи.

Ова е втор ладен туш за македонската Влада, откако ЕУ суспендираше 27 милиони евра од ИПА-фондовите наменети за Македонија.

Како главна причина за санкциите беше наведена политичката криза и неодговорноста на властите кои не покажуваат волја за спроведување на реформите.

Би можело да ве интересира

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Мицкоски се сретна со Хан

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Очекувам до крајот на август да биде донесен законот за Јавно обвинителство

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Хан: Уверен сум дека земјава во октомври ќе добие зелено светло

Габриела Димковиќ-Мишевска