Невладината организација „СОС Балкан медиа“ донаираше тон медицински алкохол за дезинфекција на здравствените центри во Охрид и регионот

Од:

Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан медиа“ денеска донираше илјада литри медицински алкохол за потребите на здравствените установи во Охрид, како поддршка на мерките за справување со епидемијата на коронавирусот.

Од избувнувањето на епидемијата со коронавирусот „СОС Балкан медиа“ во соработка со општествено одговорни компании како „Зегин“ и „Лозар“од Велес досега има реализирано донации во медицински материјал во вкупна вредност од речиси 186 илјади евра.

Денешната донација е реализирана на идеја на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и директорот на Општата болница во Охрид Горан Балевски, за потребите на сите здравствени центри во регионот како здравствените домови во Охрид, Струга, Ресен, Вевчани, Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Св. Еразмо“, Центарот за Кардиолошко-васкуларни болести во Охрид, како и Клиничкиот центар во Битола.

– Ацијата за донирање продолжува утре со донација на нова тура медицински алкохол, со илјада литри за Инфективната клиника во Скопје, 500 литри за Општата болница во Куманово, како и по 300 литри за болниците во Тетово, Гостивар и Дебар, изјави претседателот на „СОС Балкан медија“, Сашо Денесовски.

Градоначалникот на Охрид во оваа прилика се заблагодари на донацијата, упатувајќи до останатите субјекти да се вклучат со слични акции за полесно пребродување на ситуацијата наметната од епидемијата на Коронавирусот.

Диел Аголи, координатор на Кризниот штаб во Општата болница во Охрид за справување со коронавирусот, се заблагодари на сите компании, невладини организации, здруженија на граѓани и поединци кои помогнале за комплетно опремување на персоналот на Општата болница во Охрид со заштитна опрема.

– Досега имаме добиено 270 скафандери со каљачи, хируршки, платнени и маски Н-95 за работа со најкритични пациенти. Се надевам дека ваквите акции ќе продолжат, со надеж дека нема да има потреба од истите, рече д-р. Аголи.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он