Нема да се урива, туку ќе се преименува „Воинот на коњ“, во споменик на Александар Македонски, најави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Слична судбина ќе имаат и другите споменици дел од проектот „Скопје 2014“, како споменикот на Филип Втори и на Олимпија.
– Спомениците кои ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот, ке го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Македонија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се, рече Бошњаковски.
Галена Николовска-Ризвановиќ