Нехуманост на дело: За 81-годишна кавадарчанка со рак нема пари за нега

Од:

81-годишната Зорка Митрова од Кавадарци има дијагноза, рак на дебелото црево. Ако специјалистите кои ја оперирале навеле дека има потреба од нега од трето лице, надлежните одлучиле дека паричната нега не и треба  затоа што според нив „ракот се повлекува”!

Таа со 80-годишниот дедо Милан се борат за да преживат.

Екипата на „Мојот град од поинаков агол“ ги затекна во нивното тажно секојдневие, баба Зорка неподвижна во својата постела, а нејзиниот сопруг се обидува да и го направи барем тоа што и останало од живтот подносливо.

Живеат со приходи од 7.000 денари (пензија која ја прима сопругот) и од која треба да издвои секој ден по 200 денари за услугите кои ги врши Брзата помош која секојдневно мора да менува ќесиња на катетарот кој го носи баба Зорка.

Дополнително пациентката има потреба од контрола на секои 3. месец, но поради недостигот на парична помош која претходно колку – толку им помагала да успеат да ги покриат трошоците за редовните контролни прегледи, пациентката со ваква тешка дијагноза не е веќе во можност да ја контролира својата болест.

[nggallery id=93]

На Зорка дополнително и е дијагностициран и рак на десното уво. Пред да се постави оваа дијагноза пациентката 4 пати одела на прегледи кај д-р Весна Пемова (дерматолог и пратеник во собранието на Р.М) во Кавадарци која израстокот го третирала со течен азот за да го отстрани. При интервенцијата последниот пат баба Зорка се онесвестила на лице место од силната болка, пишува порталот.

После ваквите „третмани” пациентката се консултирала со д-р Невчев кој и потврдил дека мора, замислете, да се помири со судбината таква каква што е.

„Пемова им ветувала и на лице место пред нив разговарала со директорката на социјалната служба во Кавадарци Вања Маневска демек како таа лично ќе се посветела на случајот на оваа несреќна старица со цел да и се врати паричната помош која ја добивала за да може да си дозволи барем достоинствено да го напушти овој свет.

Но кој би сакал да и помогне на старица која нема пари, и која е само една од многуте во оваа наша мала земја кои се заглавени во лавиринтот на бирокократијата и игрите од кој профитира некој друг“,  ја пренесува несреќната судбина на Зорка, порталот „Мојот град од друг агол“.

Домаќинот  со солзи на очите ја раскажува  приказната и понижувањето кое го доживувал молејќи се за парите кои му се неопходни и за кои неколк упати се обраќал до центарот за социјална служба во Кавадарци но секој пат бил истеруван од директорката со зборовите „Секој ден ли ќе ми доаѓаш тука?”

 

 

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска