Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Од:

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43-годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но се одложи, бидејќи неговиот бранител побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предлог, но и симултан превод во текот на судскиот процес. Судскиот процес продолжува на 29 септември.

Основното јавно обвинителство во Штип, покрена и обвинителен предлог против 43 годишниот родител, за кривично дело-Насилство, што се случи на игралиштето „Бело Брдо” на 24 август. Инцидентот се случи во 89 минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот кој играл за ФК „Шкупи”.

Незадоволен од одлуката најпрвин синот се однесувал неспортски и со тупаници и клоци се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на ФК „Брегалница”. Тогаш на терен влегол таткото. И тој со тупаници и клоци почнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеници на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, се вели во соопштението од ОЈО од 25 август.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш му изрече најстрога казна исклучување од фудбалска организација на играчот со дрес број девет на ФК „Шкупи“, чијшто родител е во притвор. Покрај него на уште двајца фудбалери на „Шкупи“ кои се вклучени во инцидентот им е изречена казна забрана за играње во траење од три месеци. Казна да не игра четири натпревари заработи и 15 годишен фудбалер на штипска „Брегалница“, којшто се впуштил во груба игра и самозаштита при нападот. За овој инцидент има и мерки и за двата фудбалски клубови.

Би можело да ве интересира

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тепачка на Дедо Мразовци во продавница

А1он

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Голема тепачка во Сарај: Во средно училиште се истепале две групи на мажи

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“