Наместо партиски ставови, да се пласираат плодни и аргументирани дискусии, апелира Кирацовски пред почетокот на јавната расправа за законот за ЈО

Од:

Неопходно е јавно и без кулиси да се стават сите аргументи пред граѓаните и да се расчистат перцепциите, кој е за правна држава, а кој е за држава, во која се игра според правилата на криминалците, изјави денеска претседателот на собраниската Комисија за политички систем, Александар Кирацовски пред почетокот на јавната расправа за законот за јавно обвинителство.

Апел до сите учесници во јавната расправа наместо пласирање теснопартиски и политички ставови да се насочат кон плодни и аргументирани дискусии, кои ќе дадат јасна анализа и оценка на предложеното законско решение, упати Кирацовски.

Нагласи дека со законското решение се подобрува системот за борба против криминалот и корупцијата, одговорноста на обвинителите, брза и ефикасна истрага и ја гарантира евроатлантската интеграција на државата.

-Секое договарање и амнестирање за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и штети на државата, затоа што со тоа се загрозува евроатлантската перспектива и довербата на граѓаните во правосудниот систем, рече тој и нагласи дека политиката треба да остане надвор од јавното обвинителство и обвинителите и да се остави простор за независно, стручно и објективно постапување. Сето тоа може да се постигне, додаде тој, ако се донесе законот за ЈО.

Потенцира дека е време е сите политички субјекти да сфатат дека иднината на граѓаните е најважна и да престанат да го штитат криминалот во своите редови.

-Општиот впечаток е дека досега во јавноста одговарале само Амди Бајрам, Соња Николовска од ТАТ и човекот со ќебапите, додаде Кирацоски и рече дека кај нас со сите случувања и последните со СЈО се остава впечаток дека криминалците од врвен ранг можат да го најдат патот до слободата.

Предлог-законоското решение се уште не е во собраниска процедура, а според Кирацоски можно е утре или следните денови тој да биде доставен.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Ана Ололовска

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска