Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Од:

Здружени екипите на Инспекторат на Град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП Комунална хигиена, ЈП Улици и патишта Скопје и ЈП Водовод и канализација Скопје, со цистерни и тешка механизација повеќе часови работеа за гаснење на подметнатите пожари на депонијата во Визбегово. Веќе се локализирани и изгасени две од вкупно пет опожарени локации, информираа од Град Скопје.

Инспекторатот за животна средина вчера затекнал сред палење депонии лица на повеќе локации за кои е изречена глоба и изготвен поднесок до соодветните институции за одговорност. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 25 сторители. Се досега единствено градот Скопје реагира, иако на територијата на градот има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат, но за истото не се постапува иако имаат законска обврска. Апелираме до Владата на Р. Македонија, а особено до Министертвото за животна средина за кое ова е основна и исклучива надлежност за постапување, на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад и негово палење низ градот што е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите, се вели во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско