Најавени 16 пријави за угостителски објекти, се прават свадби, не се почитуваат протоколите и работното време

Од:

Најмалку 16 пријави, кривични или прекршочни со платни налози, ќе поднесе Пазарниот инспекторат против угостителски објекти во Скопје, Тетово и во Струмица, откако при инспекциите во изминатата ноќ се утврдени прекршувања на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, како и пречекорување на работното време, изјави директорт на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

И покрај забраната за организирање затекнати се свадбени церемонии во седум објекти, направени се записници и во наредните три дена ќе бидат преземени мерки за поднесување кривични пријави. Конкретно, казнети ќе бидат ресторан во Струга за организирање две свадби и на долниот и на горниот кат, еден од Струмица, а ќе има санкции и за две свадби во угостителски објекти затекнати во Тетово и за четири во Скопје.

Дваесет инспекциски екипи вчера вршеле контроли низ целата држава и како што вели Пауновски, некаде се почитуваат протоколите, некаде има мали отстапувања и тие случаи поминуваат и со опомени.

Би можело да ве интересира

Затворен угостителски објект во Боговиње поради непочитување на ковид мерките

Ана Ололовска

Извршени 2.608 надзори и контроли последната недела, затворени пет угостителски објекти

Ана Ололовска

Затворени угостителски објекти во Дебар, Кичево и Охрид, работеле по дозволеното време

Ана Ололовска

Пет угостителски објекти во Струга не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19

Ана Ололовска

Пазарниот инспекторат годинава планира 19 211 надзори, најмногу вонредни поради пандемијата, ризични секторите трговија и угостителство

Ана Ололовска

Струмичани славеле роденден и се фалеле на Фејсбук, добија кривични пријави

Жарко Настоски