На „Ќафасан“ уапсен кичевец осуден на 20 години затвор за трговија со дрога во Швајцарија

Од:

На граничниот премин „Ќафасан”, на албанско-македонската граница кај Струга, при влез на територија на Албанија е уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница.

-Приведен е Алија Арслан (34), жител на Кичево, Северна Македонија, кој е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога. Од проверките спроведени во соработка со Интерпол Тирана, произлезе дека лицето било барано со меѓународна потерница издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, врз основа на наредба на Јавното обвинителство на кантонот Аргау, стои во соопштението на државната полиција на Албанија.

Се додава дека 34-годишникот е осуден на 20 години затвор за кривични дела поврзани со меѓународна трговија со дрога, како што е предвидено во член 19 од Законот за наркотици и психотропни супстанции од швајцарскиот Кривичен законик.

Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Берн/Швајцарија, ги презема потребните активности за негова екстрадиција во Швајцарија.

-Ова апсење е уште еден чекор во борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога, што ја демонстрира посветеноста на органите за спроведување на законот кон меѓународната соработка и гарантирањето на безбедноста на албанските граници, се нагласува во соопштението на државната полиција на Албанија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Пресврт во Швајцарија: Руси останаа без визи за медицински третман

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка