На европското знамнце не му било местото во измените на Кривичниот законик: ЕУ загрижена за новите одредби

Од:

Европската Унија е загрижена за дел од измените на Кривичниот законик, а со кои се намалуваат максималните затворски казни и имаат висока импликација за застареност на делата. Портпаролката на ЕК, Ана Писинеро на еден ден пред стапувањето на сила на дел од нив, за А1он вели дека на европското знаменце не му е местото кај овие законски измени.

Жалиме поради недостатокот на сеопфатни консултации со домашните чинители и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за знаменце на ЕУ, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со ЕУ. Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки. Во овој контекст, зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и справувањето со корупцијата без одлагање, вклучително и преку солидно досие во истрагата, гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење. Комисијата ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото многу внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори, вели Писонеро за А1он.

А освен Европската Унија, анализа на измените врши и правниот тим во американската амбасада. Амбасадорката Анџела Агелер посочи дека не може да ги коментира измените, бидејќи ги нема видено, но според неа, потребно е да се следат процедурите во првниот систем на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Возачките со старото име ќе важат до крајот на оваа година: Политичките партии постигнаа консензус

Орце Костов

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри го поминаа комисискиот филтер

А1он

(ВИДЕО) Русковска: Тие што ми вршеа притисок се истите што ми нудеа повисока позиција за да прекинам истрага

Александар Тодески

Работната група од 2020 година правела нов Кривичен законик, не ги пишувала измените за поблаги казни за функционери

Русковска: Бев дел од групата за измените на Кривичниот законик, но нашиот предлог е сосема поинаков