ЕУ: Веруваме дека сме блиску до договор со САД за царините

Од:

Европската Комисија (ЕК) верува дека трговскиот договор со САД е „достапен“, но е подготвена да примени контрамерки во случај на неуспех, изјави денес извршниот портпарол на ЕУ, Олоф Гил.

„ЕУ продолжува со интензивните преговори со САД за царините и е фокусирана на наоѓање договорено решение за кое верува дека е достапно“, рече Гил.

Но, во исто време, е подготвена да одговори со контрамерки на 7 август доколку е потребно, додаде тој.

Земјите-членки во четврток го одобрија предлогот на ЕК за контрамерки во вредност од 93 милијарди евра што би се примениле на 7 август доколку преговорите со САД не резултираат со договорено решение.

Земјите-членки одобрија список на американски производи во вредност од 72 милијарди евра за кои би се вовеле царини. Претходно беше усвоен список на производи во вредност од 21 милијарда евра.

Моментално, на сила е основна царинска стапка од 10 проценти за европските производи извезени во САД, со царини од 25 проценти за автомобили и 50 проценти за алуминиум и челик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија