Работната група од 2020 година правела нов Кривичен законик, не ги пишувала измените за поблаги казни за функционери

Од:

И шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски и поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски за А1он негираат дека Работната група формирана во декември 2020 година ги донела измените на Кривичниот законик кои по итна постапка и со европско знаменце беа донесени во Собранието. И двајцата велат, се изготвувал целосно нов Кривичен законик, кој во моментов е на разгледување во ОБСЕ.

„Работната група е формирана за целосно нов Кривичен законик кој е веќе изготвен и кој е под покровителство на ОБСЕ. Дел од текстот во измените е извлечен од тој нацрт, во однос на делата за екоцид, а другото си е различно. Оваа група нема мандат за ваквите измени, ниту за било какви парцијални измени. Изгласаните измени немаат никаква врска со таа група“, вели Бубевски за А1он.

Тупанчевски пак, кратко вели дека Работната група на чело со проефесорот Владо Камбовски не дала зелено светло за измените зошто воопшто не ги ни разгледувале.

„Оваа Работна група не работела на измените на Кривичниот законик, а работеше на новиот Кривичен законик“, вели Тупанчевски за А1он.

Претходно, и поранешната шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска демантираше дека Работната група ги донела овие измени, посочувајќи дека нивниот предлог бил сосема поинаков.

Во групата која го пишуваше новиот Кривичен законик учествувале судии, обвинители, претставници на Хелсиншкиот комитет, МАНУ, како и адвокати. Но, досега тројца од членовите за А1он потврдија дека во ниту еден дел оваа Работна група не ги донела измените кои предвидуваат поблаги казни за сторени кривични дела од страна на функционери, што пак би значело и побрзо застарување на делата.

Би можело да ве интересира

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

(ВИДЕО) Возачките со старото име ќе важат до крајот на оваа година: Политичките партии постигнаа консензус

Орце Костов

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Палевски може да се жали на секоја фаза од постапката и само тој има право да побара побрза екстрадиција

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

Рекламирањето на партиите за избори да не биде веќе на товар на државата предлага работната група за измени на Изборниот законик